Основците во Холандија ќе се вратат во училишните клупи од 11 мај по неколкунеделната онлајн-настава поради коронавирусот, објави премиерот Марк Руте. Ова засега е единствената позначајна одлука за релаксирање на мерките што ги презема холандската влада за да го спречи ширењето на вирусот.
Од 34 илјади заразени со новиот коронавирус во Холандија, 124 се на возраст помала од 14 години, од кои 47 биле хоспитализирани










