„Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години. Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите. Дополнително, ќе побарам и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите, а притоа водејќи сметка да се внимава на мерките и препораките кои се однесуваат на групирање на јавни површини. Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, истакна Чулев.







