ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на свеченото отворање на Градската болница „Башакшехир“ во Истанбул истакна дека во време кога меѓународните организации ја изгубиле својата смисла, Турција опстојувајќи на сопствените нозе ја покажа својата моќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

 

Претседателот Ердоган преку видеоконференција говореше на церемонијата на свеченото отворање на првата фаза од Градската болница „Башакшехир“ во Истанбул и за доставата на првите респиратори за интензивна нега од домашно производство.

Daily Sabah | Latest & Breaking News from Turkey | Istanbul

„Во време кога меѓународните организации ја изгубија својата смисла, Турција опстојувајќи на сопствените нозе ја покажа својата моќ“, истакна Ердоган во своето обраќање.

Потсетувајќи дека 10 градски болници се пуштени во употреба, Ердоган нагласи:

„Изградбата на другите 8 градски болници продолжува, поголем дел од нив ќе се отворат кон крајот на оваа година, а останатите идната година. Во земјата немаше дури ни соодветни средства за брза помош. Денес со 5.400 целосно опремени возила и 19 авиони ја имаме најмодерната флота за брза помош. Турција во здравствените услуги направи голем напредок.“

City hospital opened in Istanbul to intensify fight against ...

Турскиот претседател наведе дека ќе работат заеднички за Турција да го најде своето заслужено место во новиот светски поредок што ќе се воспостави по епидемијата на коронавирусот.

„Светот се соочува со тешкотии за пронаоѓање вентилатори, но ние успешно го надминавме овој процес. Се надевам дека во новиот период, со нови инвестиции, нови дела и нови услуги, нашата земја ќе ја подигнеме на сè повисоко ниво“, истакна Ердоган.

Посочувајќи дека Градската болница „Башакшехир“ во Истанбул нема да има проблеми при транспортот, наведе: „Општината Истанбул го остави патот до болницата на пола. Министерството за транспорт веднаш презеде активности. До болницата во Башакшехир ќе се изгради и метро. Нема да има проблеми во транспортот.“

Anadolu