Разговарајќи со познати српски спортисти на Фејсбук (Facebook), Новак Џоковиќ (Novak Đoković) откри што најмногу го загрижува за време на пандемијата на корона вирусот.

Ne bih da me neko primorava na vakcinu da bih putovao: Nole otkrio ...

Бидејќи научниците продолжуваат да истражуваат за вакцината против КОВИД-19 низ целиот свет, Ноле го кажа своето мислење за тоа.

„Прво јас не сум за тие вакцини. Јас не сум поддржувач на тоа, да морам да се вакцинирам за да можам да патувам. Ако тоа е правило и закон, тогаш што ќе биде. Ќе морам да одлучам дали ќе го подложам тоа или не.“

Светскиот број еден тенисер, рече дека големиот број патувања што тој бил принуден да ги направи заради својата професија ќе бидат неговиот најголем предизвик.

„Toа ќе биде предизвик„ Број еден“. Поради толку многу паника што се шири во изминатите неколку месеци, мислам дека ќе биде длабоко впишано врз човечката потсвест дека повеќето луѓе ќе имаат страв од приближување до друг кога патуваат.

„Новак Џоковиќ ги предупреди челниците на тенисот дека ќе се спротивстви на било какво задолжително вакцинирање против коронавирусот, доколку е услов да се врати во професионалниот тенис.

Поранешната тенисерка, Амели Морезмо посочи дека тениските натпревари повторно ќе се одржуваат само доколку тенисерите и тенисерките примаат вакцина против Ковид-19, нагласувајќи: „Нема вакцина – нема тенис“, но 17 кратниот шампион на Гренд Слем (Grand Slam) (Џоковиќ), истакна дека ќе се спротистави на тоа барање, доколку тоа биде услова да се врати на натпреварувањата во 2020 годин, пишува “Стандард” (“Standard”)

Џоковиќ (Đoković) на тоа рече:

„Лично кажано, јас сум против (вакво, задолжително) вакцинирање и не би сакал некој да ме принуди да ја примам вакцината за да можам да патувам. Но, ако тоа стане задолжително, тогаш што ќе се случи? Тогаш ќе треба да донесам одлука. Имам свое мислење за ова, и ако тие мисли би се смениле во одреден момент, не би знаел сега, посочи тенисерот.“

„Да речеме хипотетички, да продолжи сезоната август или септември, што шансите не се големи, но ајде да кажеме дека ќе продолжи. Веднаш по укинувањето на строгиот карантин, ќе има барање за задолжителна вакцинација. Сега, какви вакцини ако сè уште ги нема?? Овие се нешта што не се јасни“, додаде Новак (Novak).

Тој додаде дека има впечаток дека нема доволно дебата и дека не се слуша гласот на сите.

„Постои одредена цензура на медицинските работници кои зборуваат за решенија што не одговараат на оние на службената медицина. Посакувам да имаше поголема дебата, различно мислење. Ние не сме од таа професија, така што не можеме да зборуваме за тоа. Би сакал да зборувам повеќе за имунитетот“, рече Џоковиќ (Đoković).

„Мислам дека луѓето се исплашени и збунети и не ја гледам приказната за тоа како човекот може да се засили, да го зајакне својот имунитет, да ја намали можноста за зараза. Ставија карантин за да ги намалат тие можности, но имунитетот е тука за да се бори и со оваа и со другите инфекции“, продолжи Новак (Novak).

„Мислам дека тоа ќе биде длабоко втиснето во потсвеста на една личност, така што луѓето ќе имаат страв да им се приближат на другите. Колку работи ќе се променат не знам, но главната пречка за човекот ќе биде патувањето. Се зборува за задолжителна вакцинација за 18 месеци … Дали има други решенија или е единствена? Има милион работи што треба да се направат, затоа мислам дека ова и како ќе се одрази на сите спортови“, рече Џоковиќ (Đoković).

Пишува: „Mondo“ – Преведуваи пренесува: „Dubai-Portal“