Палестински имигрант кој живее во Малезија (Malausia) рече дека најновиот барањет остани-дома за да се спречи ширењето на коронавирусот го потсетува на животот под израелска окупација.

Муслим Имран (Muslim Imran), претседател на палестинската културна организација на Малезија (Malausia) (ПКОМ) Palestinian Cultural Organization of Malaysia (PCOM), рече дека ограничувањата за движење и живеење под полициски час се дел од секојдневниот живот на неговите и илјадници други Палестинци.

„Ова не е ништо ново за нас. Многумина од нас живеат под израелска окупација и полициски час“, рече Имран (Imran).

Тој рече дека за Палестинците во Западниот Брег (West Bank) и во Газа (Gaza) непрекинато снабдување со електрична енергија е далечен сон поради санкциите на Израел (Israel), за гориво.

Палестинецот, кој се преселил во Малезија (Malausia) во 2003 година на 17-годишна возраст, се присети како израелските сили ги ограничуваат Палестинците да ја посетуваат џамијата Ал-Акса (Al-Aqsa).

И покрај тоа што живеат во близина на џамијата, додаде тој, граѓаните на возраст под 50 години мораа да добијат претходна дозвола за клањање намаз.

„Секој ден во Палестина доживуваме полоши работи од дозволите потребни за движење“, рече Имран (Imran).

Тој рече дека како резултат на ограничувањата, многу Палестинци живеат под линијата на сиромаштијата и повеќе од 50% се невработени.

Сепак, Имран (Imran) рече дека разбира како животот под такви мерки не е лесен и за Малезијците бидејќи јавниот превоз и движењето на луѓето е ограничено.

„Ние, Палестинци, се молиме оваа пандемија наскоро да заврши“, додаде тој.

Пишува: „MEMO“ – Пренесува и преведува: „Dubai-Portal“