ДИЈАРБАКИР (АА) – Необичната врста лалиња, чии цветови се свртени надолу, познати и како „плачот на невестата“, во областа Ергани во турски Дијарбакир расцветаа со пристигнувањето на пролетта, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во јавноста овој вид лалиња го преставуваат „плачот на невестата“ која не успеала да го освои својот сакан.

Според христијанското верување, овој вид свртени лалиња го симболизираат Христовото распнување и солзите на Дева Марија.

Овој вид лалиња расцветаа на планината Сакиз.Тешко е да се стигне до нив бидејќи се наоѓаат во руралните предели.

Свртените лалиња познати како „плачот на невестата“ расцветуваат во портокалова, црвена и жолта боја.

Тие привлекуваат внимание и кај локалното население и кај љубителите на фотографијата.

Овие цвеќиња се специфични за Анадолија и нивниот цвет трае околу 20 дена.

Anadolu