Водно е изземено од одлуката за забрана на движење по шуми и шумските предели во државата, но во соопштението до јавноста е направен превид и тоа не е спомнато, информираат од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, по револтот кој се појави меѓу граѓаните на социјалните мрежи.

„Министерството ја донесе одлуката на барање на ЈП „Македонски шуми“ и таа е поврзана со појавата на неколку шумски пожари во периодов“, вели Соња Јанковска, портпарол на Министерството, но, додава, „движењето на Водно е изземено од оваа одлука бидјеќи се работи за шума која не е во надлежност на ова претпријатие.“ се вели во соопштението на МЗШВ.

NovaTV