Хуманоста и солидарноста се човечки особини кои најмногу излегуваат на површина во овие тешки моменти за многу семејства.
Затоа сакам лично да се заблагодарам на сите луѓе, а посебно на Зоран Заев и семејството Заеви, кои својата хуманост ја покажуваат на дело.
Благодарност до Црвениот Крст, до сите здруженија на граѓани, месни заедници, верски одбори и сите волонтери кои се вклучија во дистрибуцијата.
Пакетите со прехрамбени продукти и средства за хигиена завршуваат кај семејствата на кои во овие моменти им е најпотребно…
Се надевам дека ова зло брзо ќе заврши. Но, дотогаш ние мораме и ние ќе продолжиме да помагаме.
Ги повикувам сите луѓе, компании, здруженија кои се во можност да помогнат во овие тешки моменти да се приклучат.
Само заедно, здружени, единствени и сплотени ќе ги победиме проблемите.
Според последните информации хуманитарната помош на семејството Заеви дистрибуирана е во речиси сите Струшки села.








Извор:фејсбук/Јован Митрески










