ЊУЈОРК (AA) – Во дом за стари лица во сојузната американска држава Њу Џерси пронајдени се 17 тела, но уште не е познато дали се работи за лица починати од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Шефот на полицијата Ерик Даниелсон рече дека телефонски примиле дојава и дека во Домот за стари лица Андевор Сабкјут, во мртовница која може да прими четири, пронајдени се 17 тела.

„Ова не е само наше подрачје, со оглед дека ова е лиценциран дом за стари лица. Одделот за здравство на државата Њу Џерси ќе спроведе потребна истрага. Треба да се разјаснат прашањата како што се начинот на згрижување на пациентите, без оглед дали се однесени во болница или не”, рече Даниелсон.

Подвлече дека е неопходно да се спроведе детална истрага и истражните тимови моментално се обидуваат д утврдат што се случувало во домот во последните две седмици.

Додаде исто така дека се уште не е познато дали причина за смртта на пронајдените лица е евентуално новиот тип на коронавирусот Ковид-19, информациите во врска со тоа ќе бидат познати подоцна.

Anadolu