Италијанскиот фудбалски клуб Интер донираше милион маски низ земјата во рамките на борбата против новиот тип коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од „црно-синиот“ клуб е наведено дека во првата етапа во повеќе италијански региони ќе бидат поделени 200.000 маски, додека остатокот ќе биде поделен во наредниот период.

Во кампањата која фудбалскиот клуб Интер ја иницира за поддршка на борбата против Ковид-19, износот на донации достигна 658.000 евра.

Италијанската екипа претходно донираше 300.000 маски.

Anadolu