Повеќе од 5 милиони Американци минатата недела поднеле барање за бенефиции поради невработеност, како резултат на пандемијата на коронавирусот која веќе еден месец ја гази американската економија.

Како што пишува порталот „Блумберг“, веќе се збришани постигнувањата за отворање на нови работни места, макотрпно создавани една деценија.

По првично регистрираните 5,25 милиони невработени  до 11 април, следеа дополнителни 6,62 милиони пријавени до четвртокот, минатата  недела.

Средната проценка на економистите била дека по прогласувањето на пандемијата, во државата бројот на лица без работа ќе порасне за 5,5 милиони, со проекции кои достигнуваат дури 8 милиони.

Alsat-M