По вчерашниот претседателски декрет, третманот (лекувањето) од коронавирус во турските јавни болници ќе биде целосно бесплатен. Покрај тоа, на пациентите ќе им биде обезбедена заштитна опрема и тестови, дури и ако не платиле државно осигурување.
Турските медиуми објавија дека, владата веќе започна да им дозволува на секој граѓанин да користи бесплатни здравствени услуги.
„Дури и граѓаните кои не ја платиле својата месечна премија за осигурување се покриени до декември“, рече официјалниот претставник.
Во последните 24 часа, Турција (Turkiye) бележи пораст од 107, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.403. Сега има 65.111 случаи на вирус. Според висок функционер за здравство, Турција (Turkiye) моментно лекува 1.809 пациенти во единиците за интензивна нега.
„ТРТ Ворлд“ („TRT World“) објави дека министерот за здравство Фахретин Коча (Fahrettin Koca) изјавил дека биле спроведени 33.070 тестови во текот на изминатиот ден, достигнувајќи вкупно 443.626.
Во обид да се спречи ширењето на КОВИД-19 COVID-19, нацрт-законот усвоен од парламентот ќе ослободи 45.000 затвореници – скоро третина од турскиот затвор. џахит Озкан, заменик-лидер на владејачката парламентарна група на Партијата на правдата и развојот (АКП), за новинарите вчера изјави дека бројот ќе се зголеми на 90.000, вклучително и оние во куќен притвор. Но, овој потег е критикуван поради исклучување на новинари и политички затвореници приведени под обвинение за „тероризам“.









