Финасирањето на Светската здравствена организација ќе биде ставено во мирување во наредните 2 до 3 месеци. Ваква одлука донесе претседателот Доналд Трамп, според кого СЗО потфрлила во однос на справувањето со пандемијата на коронавирусот.

-СЗО е одговорна за промовирање на дезинформациите од Кина, изјави американскиот претседателТрамп, кој смета дека оваа организацијата е прокинески настроена.