На состанокот на улемата и религиозни научници од целата земја во вторникот соопшти дека заедничкото клањање на петте дневни молитви и петочните молитви ќе се одржуваат во џамиите од сега, додавајќи сепак дека мерките на претпазливост што ги советува владата ќе бидат спроведени.

КАРАЧИ (KARACHI): Улема во вторникот одржа прес-конференција во прес-клубот Карачи во која се вели дека забраните за влез во џамија нема веќе да важат

Муфтијата Мунуб-ур-Рахман (Muneeb-ur-Rahman) изјави дека Таравијa (Tarawih) и Итикаф (Itikaf) (останување во џамија од последните 10 дена од месец Рамазан) ќе продолжи според предвиденото. Тој ги повика луѓето што доаѓаат во џамиите да имаат растојание еден до друг.

Во меѓувреме, муфтијата Таки Усмани (Taqi Usmani) ја повика владата да не ги апси верниците од џамиите. „Сите уапсени [за доаѓање во џамии] треба да бидат ослободени“, рече тој.

Тој ги повикал верниците да носат маски и да земаат абдест во нивните домови пред да пристигнат во џамија. „Отстранете го тепихот, ставете друг и обезбедете средства за чистење“, им наложи на администраторите (луѓе што управуваат со институција, одбор) на џамијата.

Тој ги повика луѓето да ги користат владините мерки на претпазливост, но рече дека е задолжително муслиманите да обавуваат заеднички молитви во Рамазан.

Усмани рече дека старите и болните не треба да влегуваат во џамии и да се молат во затворено. Тој побарал луѓето да заминат во своите домови и да не се собираат во толпи(групи), по завршувањето на намазите.

Пишува: Dawn  – Пренесува и преведува: Dubai-Portal