Џанлука Вијали, поранешен италијански фудбалер, доби целосно чист наод откако беше лекуван за рак на панкреасот.
Легендарниот напаѓач појасни дека поминал радиотерапија и хемотерапија од ноември 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
– Јас сум во ред. Во декември, завршив со 17 месечната хемотерапија, еден циклус од осум месеци и друг од девет. Беше тешко, дури и за некој како мене. И физички и психички. Тестовите и прегледите не покажале знаци на болест. Среќен сум што сега повторно сум здрав значи повторно да се гледаш во огледало, да гледаш како расте косата, не ми ги цртаат веѓите со молив. Во овој поглед, се чувствувам многу среќно во споредба со многу други – изјави Виали за италијанските медиуми.
Тој додаде дека сега размислувал за оние кои се погодени од пандемијата на новиот коронавирус, а неговата татковина е една од најранливите земји во светот.
– Мислам на оние кои се изведени во болница и се принудени сами да умрат, роднини на кои не им е дозволено да бидат во близина на заразените, погреби што не можат да се одржуваат нормално. Страшно е. Оваа криза ќе остави огромни лузни на нашата земја, емотивни, морални и економски лузни – рекол Вијали.
Поранешен врвен фудбалер, во текот на својата кариера играше за Кремонес, Сампдорија, Јувентус и Челзи. После тоа, тој кратко работеше во тренерскиот бизнис, водејќи ги Сините од Лондон и Вотфорд. Во дресот на италијанската репрезентација тој одигра 59 натпревари и постигна 16 голови.










