Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ја одби понудената оставка на турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Канцеларијата за комуникации на турскиот претседател доцна синоќа објави дека Ердоган не ја прифатил оставката што му ја дал министерот Сојл. Во соопштението се наведува дека Сојлу успешно ја одржувал функцијата турски министер за внатрешни работи на кој бил назначен во 2016 година и дека ужива голема почит кон народот.
Тој беше назначен на функцијата веднаш по обидот за воен удар во јули 2016 година во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО.
– Министерот Сојлу е главно одговорен за најголемото намалување на терористичките активности во Турција. Тој, исто така, се докажа себеси со постојано работење и координација на теренот во случај на природни непогоди како што се земјотрес и тековната епидемија на коронавирус – се вели во соопштението.
Во изјавата се вели дека Сулејман Сојлу ќе продолжи да ја одржува функцијата министер за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи на Турција, Сојлу, синоќа објави дека поднесува оставка од функцијата.
„Ја напуштам функцијата на турскиот министер за внатрешни работи, која со гордост и чест ја избршував“, напишал Сојлу во писмената изјава.
Тој во изјавата истакнал дека целосно ја презема одговорноста за спроведување мерка за забрана на движење во 31 турска провинција овој викенд за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус. Истакнувајќи дека за краток временски период, прогласувањето на вакви мерки предизвикало гужва на улиците, Сојлу рече дека ваквите сцени не соодветствуваат со одличното управување со моменталната состојба.
„Тоа беше чекор со најдобра намера да се запре ширењето на вирусот и епидемијата делумно за време на викендот“, рекол Сојлу.
Тој исто така рекол дека никогаш нема да стори нешто што може да му наштети на неговиот народ и рече дека секогаш ќе остане лојален на турскиот претседател Ердоган.
Извор: Анадолија










