Со дрон снимен масовен погреб на жртви од коронавирус во Њујорк

by Administrator

Ако му се верува на информациите објавени од универзитетот Џон Хопкинс, од последица на корона вирус во Њујорк починале 5.150 луѓе.

Починатите граѓани на Њујорк закопани се во масовна гробница, а во медиумите се појавија и снимки од погребот на жртвите на вирусот КОВИД-19, кој е направен од воздух.

Ковчезите со телата на починатите беа наредени еден врз друг и потоа гробарите ги покриле со песок и земја.

Жртвите од коронавирус масовно се погребани на  Харт Исланд во Бронкс. Според американските медиуми, ова локација треба да биде само привремено решение сè додека не помине пандемијата, како што е потврдено од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио во неговата изјава.

„Ова е само привремена гробница, привремено решение сè додека не помине пандемијата“, изјавил тој.

Околу 40 луѓе беа погребани во четвртокот, а претежно жртви беа бездомници или нивните семејства не можеа да си дозволат да ги платат погребните трошоци.

 

Извор:faktor

You may also like