Турција, за да се спречи ширењето на новиот вид ,коронавирус Ковид-19, во споредба со европските земји побрзо ги презеде колективните мерки, пишува Агенција Анадолија (АА).
Европските земји мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 почнаа да ги преземаат по 39 или 54 дена откако се појавија првите случаи, Турција мерките ги презеде по неколку дена.
Откако новиот вид коронавирус се појави во Кина и достигна глобална димензија, голем број земји во светот презедоа мерки за намалување на ширењето на вирусот.
Главните мерки за спречување на ширењето на вирусот беа затворање на училиштата и универзитетите, рестораните, кафулињата, трговските центри, библиотеките, местата за богослужба и јавните настани.
Граѓаните беа повикани да „останат дома“, им беше советувано да избегнуваат социјален контакт и да работат од далечина ако е можно. Јавните институции и приватните компании преземаа мерки во таа насока.
Спроведени се делумни забрани за движење и карантински мерки. Исто така воведени беа и ограничувања на меѓуградскиот превоз.
Првиот случај на Ковид-19 во Франција е откриен на 24 јануари, во Германија на 28 јануари, во Италија, Шпанија и Велика Британија на 31 јануари. Првиот случај во Турција, е откриен на 11 март, 40-47 дена од тие датуми.
Прекината наставата на училиштата и универзитетите
Една од првите мерки преземени со цел да се спречи масовното ширење на вирусот беше прекинувањето на наставата во училиштата и универзитетите, бидејќи таму се концентрирани ученици и студенти во големи групи.
По појавата на првиот случај во Италија во таа насока земјата презеде чекори на 10 март (39 дена по појавата на вирусот), Шпанија на 11 март (40 дена од појавата на вирусот), Велика Британија на 18 март (47 дена од појавата на вирусот), Германија на 17 март (49 дена од појавата на вирусот) и Франција на 13 март (49 дена од појавата на вирусот) Турција на 12 март (1 ден по појавата на вирусот во земјата).
Во Турција, првите случаи на Ковид-19 беа откриени на 11 март. По седницата на Владата одржана на 12 март, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека наставата во основните и средните училишта се прекинува на две недели, а на универзитетите на три недели.
Турскиот министер за образование, Зија Селчук, најави дека основните и средните училишта од 23 март ќе започнат со настава на далечина.
Програмата за настава на далечина наречена „Информациска мрежа за образование“ започна да се спроведува преку интернет на 23 март, преку телевизискиот канал основан од ТРТ за оваа намена.
Министерот Селчук на прес-конференцијата на 25 март најави дека наставата на далечина ќе продолжи до 30 април.
Претседателот на Советот за високо образование (YÖK), Јекта Сарач, на 26 март изјави дека во пролетниот семестар нема да има настава на универзитетите.
– „Привремено“ затворање на местата на масовно собирање на луѓе
Една од мерките беше привременото затворање на рестораните, кафулињата, трговските центри, библиотеките, местата за богослужба, со цел да се намали раздвиженоста внатре во градовите.
Турција сеопфатните мерки од овој вид ги презеде 4 дена по појавата на првиот случај (на 15 март), Франција на 12 март (41 ден по појавата на првиот случај), Шпанија на 14 март (43 дена по појавата на првиот случај), Германија на 16 март (48 дена по појавата на првиот случај), Велика Британија на 20 март (49 дена по појавата на првиот случај) и Франција на 14 март (50 дена по појавата на првиот случај).
Турското Министерство за култура на 15 март соопшти дека библиотеките низ целата земја ќе бидат затворени во периодот од 16 до 30 март.
Со указот на Министерството за внатрешни работи на Турција објавено на 15 март, баровите и ноќните клубови на 16 март беа привремено затворени.
Министерството со указот испратен до Гувернерствата на 81 турска област на 16 март, нареди затворање на кафулињата, интернет-кафулињата, кината и спортските сали, каде што има масовно собирање на луѓе, освен рестораните и трговските центри.
На 21 март одлучено е берберите, фризерите и центрите за убавина да бидат затворени по 18 часот, а од 24 март донесена е одлука маркетите и супермаркетите да работат во период од 09.00-21.00 часот.
– Трговските центри ги затворија своите врати
Од друга страна, и покрај тоа што немаше одлука за затворање на трговските центри, голем број трговски центри во големите градови, поради јавното здравје на 21 март донесоа одлука за привремено затворање. Турската Федерација на трговски Центри и трговците на мало соопштија дека ги затвораат вратите. Истакнаа дека нема да земаат надомест за изнајмување од деловните субјекти додека центрите се затворени.
Италија, одлуката за затворање на трговските центри, освен за трговците на мало и аптеките, ја донесе на 10 март. Вонредните мерки преземени во Шпанија и Франција на 14 март, и Германија на 16 март, ги принудија трговските центри да ги затворат своите врати за потрошувачите.
– Мерки за местата за богослужба
Претседателството на Управата за верски работи на Турција на 16 март соопшти дека поради епидемијата, низ сите џамии во земјата нема да се извршува молитва (намаз), вклучително и петочната молитва (џума намаз).
Петочните молитви се одржаа во џамијата „Милет“ во Анкара на 27 март и во џамијата „Ахмед Хамди Аксеки“ во Анкара на 3 април со „ограничено учество“.
Во изјавата дадена од Претседателството се наведе дека со практиката се има за цел дасе обезбеди континуитет на петочните молитви со минимално учество.
Во Италија, Ватикан на 13 март ги затвори 900-те католички цркви во градот Рим до 13-ти април, неделните обреди беа привремено стопирани. Црквите во Шпанија и Франција презедоа слични мерки по 14 март.
Според договорот постигнат меѓу федералната Влада и државните администрации во Германија на 16 март беше решено да се забранат богослужбите во сите места.
На 24 март во Велика Британија беше решено да се затворат сите џамии, цркви и синагоги за верниците и свештенството.
– Ограничување на јавните „колективни активности“
Појавата на Ковид-19, исто така, ги натера државите да ги забранат и ограничат јавните настани. Во овој контекст, одложени се концерти, други уметнички и културни настани и спортски натпревари.
– Ограничувања на патувањата и транспортот
Земјите во рамките на борбата против Ковид-19, исто така, како мерка за спречување на ширењето на вирусот донесоа ограничувања на патувањата и транспортот.
Турција ги прекина летовите кон Кина, Иран, Италија, Јужна Кореја и Ирак два дена по појавата на првиот случај (на 13 март), потоа на 17 март ги прекина летовите и кон уште 9 земји, меѓу кои Германија, Франција, Шпанија, Норвешка, Данска, Белгија, Шведска, Австрија и Холандија.
Италија ги прекина летовите кон странство на 10 март (39 дена по појавувањето на Ковид-19), Германија на 17 март (39 дена по појавување на Ковид-19), Шпанија на 14 март (43 дена), Велика Британија на 24 март (53 дена по појавата на Ковид-19) и Франција на 17 март (53 дена по појавата на Ковид-19).
– Сеопфатни мерки за карантин
Само 13 дена откако се појави првиот случај на Ковид-19, на 13 март турското Министерство за млади и спорт, 10.330 лица, турски државјани, кои се вратија од Саудиска Арабија, ги стави во карантин во два студентски дома во Анкара и Коња.
Во Италија сеопфатните мерки за карантин и изолација беа преземени на 9 март (38 дена по појавување на првиот случај на Ковид-19), во Шпанијана 14 март (43 дена по појавување на првиот случај со Ковид-19), во Велика Британија на 23 март (52 дена по појавување на првиот случај со Ковид-19), во Франција на 17 (53 дена по појавување на првиот случај со Ковид-19) и во Германија на 22 март (54 дена по појавата на Ковид-19).










