Данска ќе ги отвори градинките и училиштата за деца од 1 до 5 одделение на 15 април доколку смртните случаи и новите инфекции со коронавирус останат стабилни, а норвешката влада во понеделникот објави дека го ставила под контрола ширењето на ковид-19.
“Тоа веројатно ќе биде како чекорење по жица. Ако застанеме по должината на патот, би можеле да паднеме и може да тргне наопаку ако тргнеме премногу брзо. Значи, мора да направиме еден чекор одеднаш”, изјавил денес данскиот премиер Мет Фредериксен на конференцијата за медиуми.
Таа ги повика Данците да се придржува кон владините упатства за социјална дистанца и хигиена.
Данска е една од првите европски земји што воведе мерки за ограничување на физичкиот контакт меѓу граѓаните и досега забележа 187 смртни случаи поврзани со коронавирус.
Норвешката влада го стави под контрола ширењето на „Ковид-19“, објави во денес министерот за здравство на земјата Бент Хои, но истакна дека е премногу рано да се укинат мерките за пандемија.
Неодамнешните податоци покажуваат дека во Норвешка, секое заразено лице веројатно го пренесува вирусот на 0,7 други во просек, а пред воведувањето мерки за ограничување на движењето и контакти тој број бил 2,5.
„Ова значи дека епидемијата на коронавирус е ставена под контрола“, рече Хул.
Норвешка досега регистрираше 5755 случаи на „Ковид-19“ и 59 починати од болеста предизвикана од новиот коронавирус, пренесува Хина.
Земјата воведе строги мерки кон средината на март, ги затвори своите граници за странците, а Норвежаните кои се враќаа од странство мораа да одат во 14-карантин.
Училиштата, градинките, црквите, универзитетите и другите институции се затворени.
(Вијести.ба)









