Нетанјаху прикажа сцени од ТВ сериja како доказ за иранските масовни гробови на жртвите од коронавирус.
Се сеќавате ли кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив ги презентира „тајните локации каде Иран развивал нуклеарна програма“, а потоа блогерите преку апликацијата „Гугл Стрит Вју“ забележаа дека станува збор за напуштена пералница за килими и поранешна фарма за коњи каде нема ни вода ниту електрична енергија? Се разбира, западните медиуми не го пренесоа ова негирање, големата прес-конференција за новинари остана запаметена по „одличните откритија на Мосад и добро сработената шпионажа и извидување на израелските служби“. Ама, сега Нетанјаху се надмина себеси.
Иран е земја која е најпогодена од коронавирусот COVID-19 на Блискиот исток, со речиси 50 000 позитивни и над 3.000 мртви. За да покаже дека Исламската Република ја крие смртта на своите граѓани, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху направи спектакл. Но, проблемот е што тој користеше сцени од телевизиска серија од 2007 година „како доказ“.
За време на брифингот за одговорот на Израел на пандемијата, Бенџамин Нетанјаху сподели со членовите на неговиот кабинет видео на кое се прикажани десетици кеси како се тркалаат во масовна гробница во која веќе беа фрлени стотици тела. Тој го стори тоа за да ги докаже своите тврдења дека Иран не ја кажува вистината за реалните последици од коронавирусот.
Дури и израелските медиуми, кои во голем број веднаш излегоа со наслови, не можеа да го замолчат ова, велејќи дека снимката е всушност од филм за пандемија во која непознат вирус го заразува градот Лос Анџелес (САД). Филмот беше емитуван во Израел на Халмарк во 2007 година.
Раз Зимит, истражувач во Институтот за студии за национална безбедност во Тел Авив, за „Јнет“ изјави дека видео-записот му го претстави на премиерот Нетанјаху од страна на шефот на Советот за национална безбедност. Се чини дека ги споделиле на социјалните медиуми од арапските корисници во деновите пред состанокот. Сепак, ваквата грешка за услугите како Мосад и другите израелски разузнавачки агенции е незамислива. Или е тоа што израелското разузнавање падна во ниските гранки каде што сè што може да се користи против „непријателите“, дури и хорор филмовите од Б продукција, е добро.
Кабинетот на Нетанјаху подоцна ја призна грешката, не ја демантираше приказната и тврди дека спотот е пронајден на социјалните медиуми без да се изјасни неговата автентичност.
ВИДЕО: „Мртвите Иранци во масивните гробници“ на израелскиот премиер Нетанјаху
Извор:Ynet










