Научниците пронаоѓаат се повеќе докази дека коронавирусот се шири од страна на, навидум, здрави луѓе кои не покажуваат симптоми, а владата на САД објави ново упатство со предупредување дека секој кој бил изложен на болеста може да се смета за преносител.
Студија на научници од Сингапур е последната која проценува дека некаде околу 10% од новите инфекции би можеле да се предизвикани од луѓе кои го носат вирусот, но се уште не доживеале грипни симптоми.
Во одговор на таа и други студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја смени дефиницијата за ризикот од инфекција. Новите упатства сега се однесуваат на луѓе кои немаат симптоми но биле изложени или во контакт со други луѓе кои го имале или се сомнителни на коронавирусот. Во суштина се вели дека секој може да биде преносител, без разлика дали има симптоми или не.
Зараза од исто столче

Откритијата ги комплицираат напорите да се стави под контрола пандемијата и да се засили важноста на социјалното дистанцирање и другите мерки кои треба да го спречат ширењето, велат научниците.

„Треба да бидете навистина проактивни за намалување на контактите меѓу луѓе кои делуваат целосно здрави“, вели Лорин Ансел Мајерс, истражувач на коронавирусот од Универзитетот во Тексас.

Infografik Europa Corona Maßnahmen ENМерки за социјална изолација според земји.

Последното објавено истражување се фокусира на 243 случаи на заразени од коронавирус во Сингапур од средината на јануари до средината на март, вклучително и 157 инфекции меѓу луѓе кои не патувале во последниот период. Научниците откриваат дека ткн. пред-симптоматски лица предизвикале инфекција во седум различни кластери на болеста, што е 6% од локалните случаи.

Повеќе на:dw.de