Англиската Премиер лига која беше одложена поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), нема да започне во мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на управата на Премиер лигата, на состанокот на управата на оваа лига е нагласено дека човечкото здравје е приоритетно.
Се истакнува дека Премиер лигата нема да започне во мај како што беше претходно планирано и дека фудбалските натпревари ќе продолжат кога ќе бидат обезбедени безбедни и соодветни услови.
Во ова соопштение се наведува дека од економски аспект клубовите поминуваат низ тежок период, и дека клубовите ќе се состанат со своите фудбалери со цел да се направи намалување од 30 отсто во платите.









