Германската канцеларка Ангела Меркел ја продолжи работата од својата канцеларија во петокот, откако заврши карантинот, изјави портпарол на владата.

Таа работеше од дома откако доби вакцина на 20 март од лекар за кој подоцна било утврдено дека е позитивен на коронавирус.

Таа беше подложена на неколку тестови на „Ковид-19“ и секојпат беше негативна, пренесува NBC News.

Германија има повеќе од 80.000 потврдени случаи до петок, а помалку смртни случаи, околу 1.000, отколку други земји со слични бројки.

(Вијести.ба / ФЕНА)