Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени во верижна сообраќајна несреќа предизвикана од шлепер на југот на Турција.
Несреќата се случила на фреквентен пресек во центарот на Искендерун, каде полициска патрола извршила контрола на сообраќајот.
Возачот на камионот изгубил контрола над возилото, на кое му откажале сопирачките, така да прво удрило во возилата на полицискиот пункт, а потоа во зидот на спортскиот комплекс во непосредна близина на по патот.
ФОТО: Анадолија
Според првичните информации, најмалку пет лица го загубиле животот во несреќата, а најмалку 15 повредени се однесени во болница.
На местото на настанот извршен е увид од надлежните служби кои ја спроведуваат истрагата.
Извор: Анадолија









