Германските власти испратија врвни виролози во Хајнсберг, област на границата со Холандија, каде ќе ги следат секојдневните животи на илјадници избрани поединци за време на коронавирусот во наредните недели и целосно ќе го „снимат“ однесувањето на вирусот.

Виролозите секојдневно ќе посетуваат 500 домаќинства, ќе посетуваат градинки и ќе одат во болници.

Нивната мисија е да откријат како се однесува вирусот, степенот до кој децата можат да го пренесат на возрасните, колку долго трае на мобилни телефони, рачките на вратите, чашите за кафе, на далечинскиот управувач за телевизори …

Ќе се обидат да го откријат вистинскиот процент на скриени носители на вируси, односно оние кои немаат никакви симптоми, но ја шират инфекцијата.

Исто така, вирусолозите треба да можат да заклучат до кога ќе постојат карантини.

Агенциите велат дека станува збор за „жива лабораторија“ преку која Германците се обидуваат да откријат точно како се шири вирусот.

Германија има повеќе од 80.000 луѓе погодени од коронарен вирус, но стапката на смртност е помала отколку во многу европски земји.

(Вијести.ба)