АНКАРА (АА) – Турскиот воен авион со медицинска помош пристигна во Шпанија, соопшти Министерството за одбрана на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Авионот на Турските вооружени сили со медицинска помош, кој во рамките на борбата против Ковид-19 е испратен во Шпанија, слета во Мадрид“, се наведува во соопштението на Министерството.

Се очекува истиот авион, по Шпанија да достави помош и во Италија, жариштето на коронавирусот во Европа.

Anadolu