Иран е една од земјите кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, но од главниот град на Техеран сè уште има приказна која им дава надеж на сите во деновите на неизвесност.

По целосно закрепнување, 102-годишен пациент заразен со коронавирус бил отпуштен од болницата.

Човекот бил хоспитализиран во болницата во Техеран, а видео на кое тој ја напушта болницата е објавено на државната телевизија.

Иранецот, роден во 1918 година, им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал, кој се грижелл за него и ја напушти болницата заедно со семејството.

Ова е уште еден пример дека од последици на зараза со коронавирус можат да се опорават и луѓе над 80 години кои инаку би спаѓале во возрасна група со најголем ризик.

Според досегашните информации, најстарата личност што го „победи“ коронавирусот е 103-годишна жена од Иран и нејзина врсничка од Кина.

Во Иран досега починале 2.378 лица како резултат на инфекција со коронавирус, додека бројот на заразените се зголеми на 32.332 и вкупно 11.133 лица се опоравени.

Извор: Анадолија