Франција ги задржува воведените ограничувања со што ќе се ограничи ширењето на коронавирусот до 15 април, а Германија до 20 април објавија двете влади.
Франција на тој начин ќе ги продолжи своите ограничувања за две недели, објави францускиот премиер Едуард Филип.
„Очигледно, по првите десет дена ограничување, ние сме на почетокот на епидемиски бран“, изјави францускиот премиер Едуард Филипе по седницата на кабинетот.
Вкупно 1995 луѓе починаа во земјата од „Ковид-19“, речиси 300 во претходните 24 часа, а заразени се 32.964, што е скоро четири илјади повеќе од претходниот ден.
Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел објави дека ограничувањата нема да бидат укинати пред 20 април.
„Не зборуваме за какво било ублажување до 20 април. Дотогаш, се воспоставени сите мерки “, истакнал претседателот на нејзината канцеларија Хелге Браун во саботата за Тагесспигел.
(Вијести.ба)











