Израелската окупациска влада го отвори нуклеарниот бункер во Ерусалим (Jerusalem), како дел од борбата против појава на коронавирус, откриле израелските власти во во четвртокот.

Бункерот, наречен „Национален центар за контрола“, бил изграден пред повеќе од една деценија, поради загриженост за иранската нуклеарна програма и ракетните напади на Хезболах (Hezbollah) и Хамас ( Hamas).

Според израелските власти, бункерот вклучува дневни соби и командни простории и е достапен преку владиниот комплекс во Ерусалим (Jerusalem) и западен Тел Авив (Tel Aviv).

Во интервју за „Ројтерс“ („Reuters“), израелски неименуван официјален претставник потврди дека бункерот е „друго средство за управување, контролирање, и следење на коронавирусите“.

Службеникот додаде: „Ние разбираме дека оваа криза ќе нè следи подолг временски период“.

Сепак, израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет (Naftali Bennett) изјави за израелски радио новинар дека бункерот „не е толку важен во моментот“ затоа што „не сме под ракетен напад што ќе бара од нас да бидеме под земја“.

Израелскиот министер за енергетика Јувал Штеиниц (Yuval Steinitz) објасни дека бункерот сега имал ограничена придобивка како: „Заштитува од бомби, но не од микроби“.

Пишува: „MEMO“ Преведува и пренесува: „Dubai-Portal“