Палестинскиот Хамас ја пофали понудата на водачот на јеменското движење Хути, Ансарлах, да ослободи неколкумина саудиски затвореници како замена за ослободување на припадниците на таа палестинска група кои се наоѓаат затворени во Саудиското кралство.
Хамас во изјавата соопшти дека го цени предлогот даден од лидерот на Хутите, Абдул Малик ал-Хути во телевизискиот говор на петтата годишнина од почетокот на саудиската агресија против Јемен.
Палестинското движење за отпор му се заблагодари на движењето Ансарулах за „духот на братството и солидарност со палестинскиот народ“.
Хамас го повтори и својот повик до саудиските власти да ги ослободат сите палестински затвореници во Кралството, предводено од Др. Мухамед ал-Квади.
Палестинското движење на крајот на изјавата ги повика муслиманите ширум светот да го поддржат палестинскиот народ и нивните права.
„Ние сме целосно подготвени да ослободиме еден од заробените пилоти и четворица саудиски офицери и војници“, рече Ал-Хаути во телевизискиот говор во четвртокот попладне.
„Ние ќе го сториме ова во замена за ослободување на припадниците на Хамас уапсени во Кралството Саудиска Арабија“, додал тој.









