(Видео) Голем пожар на Еврос. Мигрантите и бегалците го напуштаат кампот ?

by Administrator

Синоќа изби голем пожар на Еврос, грчките власти веруваат дека турските власти почнуваат да ги евакуираат мигрантите испратени на границата во северо-источната област, за да се обидат да преминат во Европа.

Непосредно по полноќ во четвртокот, мигрантите кои биле на турската страна од оградата ги собрале своите шатори и други предмети и ги запалиле во шумата Кастаиниес (Kastanies). Грчките власти ги обвинуваат турските власти поради овој пожар.

Грчките власти, исто така, забележаа голем број мигранти кои се качуваат во автобуси, веројатно како би се вратиле во Истанбул.

 

https://streamable.com/ylnqv

You may also like