Денес е првиот ден од месецот Шабан (Sha’ban) и можност да се запамети дека нашиот пејгамбер, Мухаммед с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s), постеше многу во овој месец, а со тоа му даде посебност и важност.

ИншАллах, овој месец сето ова искушение со коронавирусот, Аллах (Allah) да ни го отстрани.

Кога Пејгамберот  Мухаммед с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s) бил запрашан за овој месец, рекол: “Овој месец према кој многумина се небрежни. Во овој месец, Аллах (Allah) ги воздигнува делата на луѓето, затоа сакам да се воздигнуваат моите дела додека сум во пост”. ЕнНесаи (EnNesai)

Инсан чувствува копнеж, вистинска потреба и силна  љубов кон благословите што му недостасуваат за момент.

Се надеваме дека до крајот на овој месец ќе бидеме ослободени од ова сегашно искушение и дека Рамазан (Ramadhan) ќе го дочекаме и поминеме како изминатите години.

Аллаховиот пратеник Мухаммед с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s) рекол: ‘Шабан (Sha’ban) е мој месец, месецот Реџеб (Rajjab) е на Аллах (Allah), а месецот Рамазан е месец на мојот Уммет (Ummah) (заедница). Шабан е месец на покајание, додека Рамазан (Ramadan)е месец на прочистување. “

„Шабан (Sha’ban) е месецот помеѓу Реџеб (Rajjab) и месецот Рамазан (Ramadhan). Луѓето го занемаруваат, но во тој месец добрите дела на робот се подигнуват кон Господарот на сите светови, би сакал да се подигнат и моите дела, додека јас постам “.

“Предноста на Реџеб (Rajjab) во однос на другите месеци е како предност на Кур’анот (Qur’an) во однос на останатите книги. Предноста на месецот Шабан (Sha’ban) , е како мојата предност врз предноста на останатите Пејгамбери, а предноста на месецот Рамазан, е како предноста на Аллах (Allah), Возвишен е Тој, над сите негови створенија.”