Во остатокот од покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, мерките за изолација ќе бидат укинати од утре, 25 март, соопштија властите, пренесе Франс прес.

Само жителите кои сметаат дека се здрави во почеток ќе можат слободно да се движат. Луѓето кои се здрави ќе можат да ја напуштат провинцијата Хубеи од вечерва на полноќ, а Вухан од 8 април.

Кина забрани влез и излез од Вухан на 23 јануари и ја прошири изолацијата во поголемиот дел од покраината во наредните денови.

Драстичните мерки беа воведени кога новиот коронавирус започна да се шири во остатокот на Кина и надвор од земјата за време на лунарните новогодишни празници, кога многу Кинези патуваат. Во покраината Хубеи скоро да нема новозаразени во повеќе од една недела.

MKD