Поради лошата состојба како во светот, така и во нашата држава, фондација „Зекат“ , со седиште во Октиси, огранок во Швајцарија, уште еднаш хуманоста ја покажува на дело. Овој пат започна со доделување на помош, намирници до секоја фамилија која има потреба
Навистина се наоѓаме во едно тешко кризно време, каде се изгуби и работа, секна изворот за месечните приходи на многу фамилии и добро знаеме дека во нашиве села има фамилии на кои што имаат потреба од голема помош. Па веќе, нашите села се неколку пати изминативе денови посетени, снабдени се доста фамилии, со разно разни намирници.
Секоја фамилија која има потреба од помош, нека се обрати на официјалната страна на фондацијата Зекат, преку порака, во доленаведениот линк.
Аллах да ги награди и организаторите и волонтерите за оваа голема хуманитарна акција, иншАллах оваа хуманитарна акција долго ќе трае и се надеваме дека и други ќе се приклучат со иста цел со исти ниет.
Gepostet von Fondacija ZEKAT am Mittwoch, 18. März 2020



































