Руската војска денеска ќе започне со испраќање на медицинска помош во Италија за да им помогне во борбата против коронавирусот, откако добиле наредба од претседателот Владимир Путин, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Путин разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте во саботата, соопшти Кремљ и му пренел дека Русија ќе обезбеди поддршка и помош во форма на мобилни возила за дезинфекција и специјалист за помош на најлошо погодените италијански региони, пренесе Ројтерс.
Италија забележа остар скок во смртните случаи на коронавирус од близу 800 во саботата, со што вкупниот број на смртни случаи во најтешко погодената земја во светот го зголеми на скоро 5.000.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ќе започне со испраќање на воените транспортни авиони во Италија со осум подвижни бригади на воени лекари, специјални средства за дезинфекција и друга медицинска опрема што ќе започне од недела.
Самата Русија објави 306 случаи на инфекција со вируси, повеќето во Москва и една смрт поврзана со коронавирус.
(Вијести.ба / ФЕНА)









