На подрачјето на Загреб после утринскиот потрес има заробени лица, пренесе Јавната противпожарна станица на градот Загреб.
Два силни земјотреси, првиот од 5,3 и вториот од 5.0, го погодија Загреб денес утринава и нанесе штета на зградите.
Од комуникацискиот центар на Загреб за противпожарна служба се дознава дека на подрачјето на градот има заробени лица. Представници соопштија дека засега нема информации за повредедни и било какви жртви .
Директорот на Загребскиот институт за итна медицина, Жарко Рашиќ, потврди дека едно дете е повредено, врз кое паднал дел од покрив.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот на првиот, е забележан околу 6,24 часа, и бил седум километри северно од Загреб, шест километри југоисточно од Кашина на длабочина од десет километри.
Во 7,01 часот наутро, повторно бил почувствуван нов земјотрес и траел малку пократко од првиот.
Тој бил со јачина од 5,0 степени со епицентарот на 10 километри северно од Загреб, или два километри југоисточно од Кашин на длабочина од пет километри, пренесува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.


Пријавено е оштетување на имоти во центарот на градот а во делови немало електрична енергија и вода.
Поради можноста за помали земјотреси, т.н. афтершок, луѓето се повикани да останат на отворено и да не претстојуваат во оштетените згради, пишува Европскиот медитерански сеизмолошки центар на Твитер.
Од министерството за внатрешни работи утринава е соопштено луѓето да излезат надвор, и да не бидат во групи заради ризик од коронавируси и да чекаат инструкции од сеизмолозите.










