Матовиќ и неговиот тим положија заклетва на церемонијата на која носеа маски поради пандемијата на коронавирусот. Словачка пријави 137 случаи заразени овој месец и нема смртни случаи.
Новата влада ја презема должноста во време кога оваа централноевропска земја со 5,5 милиони жители се бори со епидемијата на коронавирусот што ја затвори Европа, така што коалицијата на Матовиќ во која има четири партии била принудена брзо да договори состав на владата.

Новата влада ќе ја замени владата на партијата на левиот центар Смер, која владеела 12 години во текот на последните 14 години.
Популарноста на Смер опадна во 2018 година по убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата вереница предизвика масовни улични протести кои прераснаа во антикорупциски протести.
„Со оглед на нашата одговорност и товарот што го добивме, а тоа е пандемијата на коронавирусот, потпишавме договор за да го исполниме нашето ветување да ја направиме Словачка земја на која ќе се гордеат сите чесни луѓе“, рече Матовиќ по потпишувањето на коалицискиот договор.
Матовиќ (46) и неговата партијата Обични луѓе (ОЛАНО) е популистичка конзервативна партија која го поддржува членството во Европската унија и НАТО.
Во кампањата, таа предупредуваше за мафијашките врски на владата во заминување. Таа се воздигна на анкетите пред самите избори и освои четвртина од гласовите на бирачите.
Новата влада со ОЛАНО е составена од три помали партии – Ние сме Семејството (Сме Родина), социјално конзервативна и евроскептична партија; либералната СаС (Слобода и солидарност) и За народот, умерено конзервативна партија предводена од поранешниот претседател Андреј Киска.
MKD










