АНКАРА (AA) – Властите на Република Турција од денеска ќе забранат авионски летови кон уште 46 држави, вклучувајќи неколку земји од регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција соопшти дека забраната стапува во сила денеска во 17:00 часот по локално време, а дека одлуката е донесена во рамките на мерките за борба против коронавирусот.

Турција, со денешните 46, ќе ги затвори авионските линии со вкупно 68 држави во светот.

Русија, Катар и Либија ги затворија летовите кон Турција, па од денеска Турција ќе има прекин на авиолиниите со вкупно 71 држава.

Меѓу земјите со кои Турција ги запира летовите се Германија, Белгија, Велика Британија, Кина, Франција, Италија и Унгарија, како и земјите од регионот, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Словенија