Израелското Министерство за надворешни работи ги повика израелските државјани во странство да се вратат што е можно побрзо, бидејќи земјите од целиот свет ги затвораат своите граници како дел од напорите за борба против пандемијата на коронавирусот.

„Поради намалувањето и откажувањето на летовите низ целиот свет и одлуката на многу држави да ги границите и стопираат авионските летови поради епидемијата на коронавирусот, ги повикуваме сите Израелци во странство што поскоро да се вратат во Израел“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството објасни дека иако е многу тешко да се најдат билети за летови и патиштата понекогаш не се погодни, сепак има авиокомпании.

Израелското Министерство за надворешни работи, исто така, објави список на градови низ целиот свет од кои сè уште се постоајт активни летови до Тел Авив (Tel Aviv), додавајќи дека работи на враќање на скоро 1.000 израелски туристи заробени во Перу.

Израел во средата објави дека ги затвори своите граници за странските туристи и дозволи само Израелците да влезат; тие ќе бидат ставени во куќен карантин 14 дена.

Пишува: „MEMO“ Пренесува и преведува: „Dubai-Portal“