„Најекстремни мерки од времето на Втората светска војна“
Данска го усвои законот за итни случаи што дозволува на владата да го присили народот на вакцина против коронавирус, пренесува „Локал“ („Local.dk“)
Законот за итни случаи им дава на надлежните власти сеопфатни овластувања за борба против пандемијата КОВИД-19 (COVID-19) и ќе останат во сила до март 2021 година.
Граѓаните кои одбиваат тестирање на коронавирус ќе се соочат со казни и евентуална затворска казна, а ќе им биде забранет влез во продавници, намирници, јавни установи и болници, а ќе им биде оневозможен и јавниот превоз.
„Покрај спроведувањето на карантинските мерки, законот им дозволува на властите да ги принудат луѓето да се вакцинираат, иако во моментов нема вакцина за вирусот“, пренесува „Локал“ („Local.dk“).
Професорот по право на универзитетот во Копенхаген (Copenhagen), Јенс Ело Ритер (Jens Elo Rytter), рече дека новите мерки се „сигурно најекстремни од времето на Втората светска војна“.
Првично, владата со законот сакаше да и даде на полицијата право да влегува во приватни домови без судски налог ако се сомнева во случај со коронавирус. Но, тоа беше отфрлено по спротиставувањето од партиите во парламентот.
Пишува „Local.dk“, Пренесува „Dubai-Portal“








