Вчера по наредба од компанијата т.е. „Млекара Битола“, на вработените им било наредено да не ја вршат доставата до местата каде што треба, па тие на оние до кои требало да стигнат производите, им порачале да отидат кај Макпетрол бензиската пумпа.

На ваквата постапка на компанијата, Лабуништани го дигнаа својот глас, па денес преку Фејсбук коментар, „Млекара Битола“ се огласи:

Почитувани,

Настанатите пропусти во доставата се должат на одлука на нашите подизведувачи што не е насока дадена од нас како компанија и се однесуваат само на 2 продажни места. Со оглед на тоа дека на терен се случуваат вакви ситуации, ние како компанија ќе обезбедиме директна достава во места каде подизведувачите не доставуваат производи. Во текот на вчерашниот ден и денеска стапивме во контакт со сите наши клиенти каде не пристигнале нашите производи со цел да направиме директна достава.

Ги повикуваме сите потрошувачи и наши ценети купувачи кои ќе се соочат со проблем со дистрибуција на нашите производи да го контактираат нашиот Центар за информации за потрошувачите: +389 2 3130 500.

Со почит,
Млекара АД Битола