Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, победи во номинацијата за претседателски кандидат на демократите во Флорида, Илиноис и Аризона, пред сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

Сега се чини малку веројатно дека сенаторот од Сандерс, ќе може да победи во трката за претседателски кандидат. Американскиот претседател Доналд Трамп официјално е кандидат на републиканците на изборите од вчера откако ги доби потребниот број гласови на партиската номинацијата. Претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември годинава.

R.S.E – Dubai-Portal