Ноќеска, група од околу 300 лица, се обидела кај Еврос, од турска да стигне на грчка територија и билa спречени од полицијата и силите на Фронтекс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот „Катимерини“ пишува дека ова се случува „само неколку часа по неможноста да се постигне договор за бегалското прашање за време на телеконференцијата на Ердоган со лидерите на Германија, Британија и Франција“.










