ЊУ ЏЕРСИ (АА) – Поради епидемијата на коронавирусот Ковид-19, во Соединетите Американски Држави (САД) се забележа брзо зголемување на продажбата на оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вејн Вајд, извршен директор на продавница за оружје во Њу Џерси, една од американските сојузни држави каде што се концентрирани случаите на Ковид-19, во изјавата за дописникот на АА рече дека во изминатите два-три дена се формира редица пред продавницата.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Наведувајќи дека оваа состојба не е нормална, Вајд истакна: „Мислам дека луѓето се загрижени дека одредени услуги ќе бидат скратени и се плашат од тоа како ќе ги заштитат своите домови и нивните семејства. Поради тоа почнуваат да купуваат оружје. Најпродавано оружје е тоа со кое може да се заштити домот.“

Тој наведе дека ја ограничиле продажбата на оружје за истото да не се складира.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Продажбата на оружје значително се зголеми и во државата Вирџинија, каде што 70 лица се заразени со коронавирусот.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Во регионите каде што случаите на Ковид-19 се зголемени, се формираат редици пред продавниците за оружје.

Крис Браун, претседател на кампањата за спречување на насилство со оружје, се осврна на потенцијалните опасности што може да се појават со зголемувањето на продажбата на оружје.

„Може да има трагично зголемување на смртните случаи од набавки на оружје со паника од појавата на епидемијата. Четириесет проценти од сопствениците, оружјето го чуваат дома на отворено. Оваа ситуација предизвикува можна појава на смртни случаи“, нагласи Браун.

Од друга страна, според информациите на веб-страницата на Одделот за потрошувачки работи (DCA), продажбата на оружје на страницата Ammo.com, која продава оружје преку интернет, е зголемена за 68 проценти во последните 11 дена.