Бројот на пријавени инфекции со коронавирус кој доаѓа од болниците и здравствените власти претставува аларм поради кој институтот „Роберт Кох“ (РКИ) го подигна степенот на ризик за населението на „висок“. Претседателот на РКИ, Лотар Вилер, изјави дека ризикот варира од регион до регион и во одделни региони, како Хајнзберг во покраината Северна Рајна Вестфалија, тој е „многу висок“. Вилер признава и дека мора да се смета со значително повисок број заболени од КОВИД-19 од она што досега му е пријавено на РКИ.

Досега степенот на ризик во Германија важеше за „умерен“. Но, бројот на инфицирани се зголемува рапидно. До вчеравечер беа потврдени 6012 инфицирани лица, односно 1100 случаи повеќе од денот претходно. Официјално досега има 13 смртни случаи поради коронавирусот. Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД, пак, објави дека до денеска напладне во Германија имало 7600 инифицирани лица.

Меѓу инфицираните е и поранешниот шеф на пратеничката група на ЦДУ, Фридрих Мерц. „Корона-тестот на кој бев подложен во неделата е позитивен. Ќе бидам во карантин дома до крајот на наредната недела“, изјави Мерц денеска за агенцијата ДПА. Мерц, кој важи за еден од тројцата кандидати со најголеми изгледи за наследник на лидерката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер и со тоа како можен кандидат за канцелар. Тој додава и дека „за среќа“ има само „лесни до умерени смиптоми“ и дека „стриктно ги следи упатствата од институтот за здравје.

Deutschland Berlin | Coronavirus | Pressekonferenz Angela Merkel, Bundeskanzlerin (Getty Images/M. Hitij ) Заострените мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот ги соопшти канцеларката Меркел на прес-конференција во Берлин (16.03.2020)

Повеќе на:DW.DE