Србија воведува полициски час

by Administrator

Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забрaнет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години. Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, од утре од 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.

„Целта ни е да за два до три дена да бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови“, најави Вучиќ како дел од мерките кои ги презема земјата во борба против коронавирусот.

R.S.E – Dubai-Portal

You may also like