АНКАРА (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ, припадници на сепаратистичката терористичка организација, кои се обиделе да се инфилтрираат во подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Двајца терористи на ПКК/ЈПГ, припадници на сепаратистичката терористичка организација, кои се обиделе да се инфилтрираат во регионот на „Штитот на Еуфрат“, неутрализирани се од страна на нашите херојски командоси. За одржување на мирот и спокојството во регионот нашите операции ќе продолжат без прекин“, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.

Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.