Францускиот претседател Емануел Макрон штотуку објави дека Франција е во војна со вирусот и дека од пладне утре ЕУ ќе ги затвори сите граници за 30 дена. Француските државјани можат да се вратат во Франција, ама од неа нема да можат да заминат.
Од утре напладне, слободата на движење е минимизирана, а војската ќе помогне во надминување на кризата.
Макрон откри дека договорот е за сите земји-членки на ЕУ. Тој ги одложи локалните избори. Слободата на движење е минимизирана и секое групирање на повеќе лица ќе биде строго казнето. Дури и семејно собирање е забрането, како што е собирањето во паркот. Само движењата што се неопходни ќе се толерираат.
Емануел Макрон изјави дека ја повикал војската да помогне во организирањето на животот на Република Франција. Во својот говор повтори скоро 10 пати „Ние сме во војна“, што очигледно е насочено кон публиката која ќе го сфати ова многу сериозно. Уличните луѓе во продавниците не смеат да бидат поблиску од еден метар едни до други.
Извор:logicno









