Косовската влада синоќа на телефонска седница го прифати барањето на министерот за здравство Арбен Витиа да прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради коронавирусот. Одлуката ги обврзува институциите да дејствуваат во согласност со планот за вонредни состојби.

Вчера на Косово биле откриени уште четворица заразени со што вкупниот број е зголемен на девет.