АНКАРА (AA) – Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, изјави дека турските државјани кои од синоќа се враќаат од умра, од Саудиска Арабија, ќе престојуваат во карантин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Коџа се огласи преку официјалниот твитер-профил во врска со турските државјани кои се враќаат во Турција од Саудиска Арабија.

Според него, за споменатите патници ќе бидат преземени превентивни мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

„Сите патници кои од синоќа доаѓаат од умра, од Саудиска Арабија, ќе бидат сместени во студентски домови во Анкара и Коња, а таму ќе престојуваат по принципот на карантин“, рече Коџа.

Нагласи дека сите ќе престојувааат во одделни соби и дека во случај на појавување на какви било симптоми ќе бидат прегледани и тестирани.

Фотографија на Anadolu Agency Macedonian.

Според последните податоци, на подрачјето на Турција досега се забележани 6 случаи на заразување со коронавирусот.

Anadolu Agency